Македонските одбојкари ја совладаа Данска со 3:1 (22:25, 25:22, 25:19, 25:22) и ја отворија портата кон осминафинале на ЕП 2023 во Скопје. В сабота ќе играме со Црна Гора, а победа ќе значи остварување на сонот.
Ова беше тежок меч, бевме под голем притисок. Би сакал да му честитам на мојот тим, на сите оние кои се дел од нас и секако до сите навивачи кои дојдоа во сала. Ти благодарам Македонијо. Ова е победа за цела Македонија. Како што кажав моравме да бидеме мудри. Сега треба прво да се одмориме. Во сабота ќе биде исто, бидејќи треба да победиме. Се разбира дека ќе се обидеме да го направиме тоа. – изјави капитенот Никола Ѓорѓиев