
По шести пат во низа на меѓусебните дуели, КооКоо запиша пораз против Илвес, откако денес загуби со 3-2 после продолжение.
Во првата третина, Аку Рати погоди за почетно водство на домаќините, а пресврт за гостите направија Самули Ратинен и Линус Андерсон.
Во третиот дел, за претставниците на Тампере израмни Лестер Ланкастер, а Хенрик Хаапала го остави целиот плен во ,,Тампере Дек Арена”.
На табелата, Илвес го зазема второто место, додека КооКоо се наоѓа на дванаесеттата позиција.