
На првото натпреварување од Светското првенство во ски скокови во Планица (Словенија), Пјотр Жила приреди огромна сензација.
Имено, Полјакот ја одбрани титулата светски шампион, иако беше тринаесетти после првата серија.
Причина за успех на 36-годишниот скокач беше одличниот втор скок од 105 метри што претставува нов рекорд на малата скокалница.
На втората позиција заврши Андреас Велингер, кој се закити со третото светско сребро, а бронзата му припадна на Карл Гајгер.
Во продолжение, поредокот во првите десетмина го пополнија: Штефан Крафт, Давид Кубацки, Камил Штох, Константин Шмид, Јан Херл, Анже Ланишек и Тими Зајц.