
Во премиерниот натпревар од триесет и четвртото коло на англиската Лиг 1, Бристол Роверс го совладаа Оксфорд Јунајтед со 0-3.
За клубот од универзитетскиот град, ова беше седми пораз на последните осум средби, додека гостите славеа за првпат после месец и пол.
На мечот, Роверс имаа само четири шутеви во рамките на голот, а во листата на стрелците влегоа Скот Синклер (п. 22′), Арон Колинс (28′) и Лука Хул (75′).
На табелата, Оксфорд Јунајтед го држи седумнаесеттото, а Бристол Роверс – четиринаесеттото место.