Откако вчера освои злато во мешаната штафета на 2000 метри, денес, Кинезот Рен Зивеј и’ донесе уште еден златен медал на домашната нација.
Зивеј (1:26,768) ги израдува гледачите во ,,Капитал Индоор Стадиум”, откако триумфираше на индивидуалната трка на 1000 метри во брзо лизгање на кратки патеки, притоа правејќи неспортски потег.
За задоволството на публиката да биде поголемо се погрижи неговиот сонародник, Ли Венлонг (1:29,917), кој дебитираше на олимпискиот пиедестал во кариерата.
На третото место се пласираше Унгарецот со кинеско потекло, Шаоанг Лиу (1:35,693), кој беше ,,златен” на штафетата на пет километри во Пјонгчанг.