
Аријана Фонтана стана Италијанката со најмногу медали на Зимските олимписки игри во историјата на апенинската земја.
Имено, Фонтана има десет одличја на четиригодишните собири, од кои, последното датира токму од денес.
Фонтана (42,488) се здоби со второто злато во кариерата, откако славеше на трката на 500 метри во брзо лизгање на кратки патеки.
На квалификациите пред три дена, Холанѓанката Сузане Шултинг постави олимписки рекорд од 42,379 секунди, но денес заврши ,,само” на второто место (42,559).
На третото место, исто како и во Пјонгчанг 2018, заврши Канаѓанката Ким Бутин (42,724), освојувајќи го четвртото олимписко одличје во кариерата.
Во финалето А учествуваа уште Жанг Јутинг (42,803) и Хана Десмет (42,941).




