
Првото издание на мешаното тимско натпреварување во ски скокови во рамките на Зимските олимписки игри заврши во корист на Словенија.
Балканската земја, во состав на Ника Крижнар, на Тими Зајц, на Урша Богатај и на Петер Превц, беше единствена со над илјада освоени поени (1001,5).
На второто место, неочекувано се најде Русија, односно Ирма Махинија, Данил Садреев, Ирина Авакумова и Евгениј Климов.
Најголемата сензација на денот ја приреди составот на Канада за кој настапија: Александрија Лутит, Метју Сукуп, Абигејл Стрејт и Мекензи Бојд-Клоус.
На четири од преостанатите седум позиции се пласираа фаворити за пиедестал (Јапонија, Австрија, Норвешка и Германија), кои имаа дисквалификувани скокачи.