
На првиот меѓусебен натпревар во 2022, Винипег Џетс ги поразија Анахајм Дакс со 3-2.
Протагонист во триумфот на канадскиот состав беше Кајл Конор, кој постигна хет-трик и им донесе победа на Џетс во последната минута.
Од друга страна, почетно водство на ,,Патките” им донесе Трој Тери во првата, а на привремени 2-2 израмни Тревор Зеграс го третата третина.
Во Западната конференција, Винипег скокна на четвртото место, оставајќи го Анахајм на самото дно.