Јубилејното 100. издание на Трката низ Каталонија беше седмиот настан од новата велосипедска сезона, кој се одржа во текот на изминатата недела.
На неа, тимот на ,,Инеос” во потполност ја издоминира конкуренцијата, освојувајќи ги првите три места во генералниот поредок.
Со вкупната победа се закити Адам Јејтс (26:16:41), кој триумфираше на третата етапа и оттогаш го презеде водството во генералниот пласман.
Зад него се пласираа неговите тимски колеги, Ричи Порт (+0:45) и Герент Томас (+0:49), кои само придонесоа за добивање на првото место и во тимската класификација.
Колумбиецот Естебан Чавес ги освои сината и црвената маичка за најдобар пласман во планинскиот и во поентерскиот поредок.
Како најдобар млад велосипедист, трката ја заврши Жоао Алмеида (+1:05), кој накрај го освои седмото место.
Освен Јејтс, етапни победи запишаа уште: Андреас Крон, Рохан Денис, Естебан Чавес, Ленард Кемна, Петер Саган и Томас Де Гендт.
📸 David Ramos/Getty Images



