Првата трка од новата Мото 3 сезона се одржа денес во Лусаил, Катар.
На неа, до четвртата победа во кариерата дојде Хауме Масија, кој до самиот крај се бореше со второпласираниот дебитант Педро Акоста (+0,042) и со третопласираниот Дерин Биндер (+0,095).
Имено, во пресрет на последниот круг, осум возачи се бореа за самиот врв, а при целата мешаница, Ајуму Сасаки доживеа пад.
Во продолжение, под една секунда заостануваа и четири возачи што останаа без подиум, односно Серхио Гарсија (+0,435), Габриел Родриго (+0,880), Николо Антонели (+0,899) и Изан Гевара (+0,965).
Андреа Мињо, Џон МекФи, Чавиер Артигас и Џереми Алкоба учествуваа во верижен инцидент во првиот круг, кој резултираше со откажување на сите четири мотоциклисти, во моментот кога беа во водечката група.
📸 Steve Wobser/Getty Images