Авангард Омск стана вториот финалист на Источната конференција, откако во конференциското полуфинале го доби Металург Магнитогорск со вкупни 4-2.
Денес беше одигран нивниот последен меѓусебен дуел, кој заврши со 1-5 во корист на гостите од Омск.
Имено, Авангард водеше со 0-1 после дваесет минути игра, благодарение на Сергеј Толчински.
Во седмата минута од втората третина, Металург израмни на 1-1 преку Максим Карпов, а до крајот, Омск уште четири пати ја затресе противничката мрежа за конечен триумф.
Стрелци за ,,Јастребите”, освен Толчински, беа уште Јегор Чинахов, Денис Зернов, Рид Буше и Алексеј Емелин.
Во наредната фаза, Авангард ќе ги одмери силите со АК Барс Казањ, кои ги елиминираа Салават Јулаев Уфа со 4-0.
📸 Twitter: ХК Авангард