Во второто коло од ирската прва лига, силите ги одмерија освојувачите на купот, односно членовите во групната фаза на Лига Европа, Дандалк и клубот што минатата сезона избегна релегација – Фин Харпс.
Нивниот меч заврши со 1-2 во корист на аутсајдерската екипа од Донегал.
Освен поради изненадувачкиот резултат, пресметката ќе остане запаметена и по комичниот прв гол на Фин Харпс.
Истиот падна откако најдобриот стрелец на гостите, Адам Фоули (43′), го присили голманот на Дандалк, Албанецот Алесио Абиби, на грешка.
Во второто полувреме, Дандалк израмни на 1-1 преку првиот овосезонски погодок на Патрик Хобан (49′).
Во продолжение, Фоули (63′) го заби и третиот гол за Фин Харпс во првите две кола и му ја донесе втората победа на својот тим.
За ,,Харфите” ова е прва победа над Дандалк на гостински терен после 4 мај 2006, кога славеа со 1-3.
📸 Eóin Noonan/Sportsfile via Getty Images