Струга и денес играше одлична одбрана како и на многу претходни мечеви и го остави составот на Бутел на само 22 постигнати голови со кои едвај стигна до победа. Посебно вреди да се спомене играта на младиот бек Христијан Крстаноски кој покрај искусните играчи на Струга делуваше одлично и беше вистински бедем за бековите и пикерите на Бутел кои многу тешко стигаа до голот на Струга.
Нареден меч за Струга е натпреварот од Купот на Македонија против ривалот Охрид кој треба да се одигра во среда. За точниот термин ќе бидете дополнително известени.



