
Иако нанижа седум порази, екипата на Колумбус Блу Џекетс успеа триумфално да ја напушти 2022 година.
Имено, синоќа, претставниците на Охајо ги совладаа Чикаго Блекхокс со 4-1 во ,,дербито на дното”.
Во првата третина, Андреас Атанасиу погоди за водство на гостинскиот состав, но до доаѓањето на првата пауза, домаќините израмнија преку Емил Бемстром.
До крајот, Густав Никвист двапати ја затресе противничката мрежа, а уште еднаш реализираше Кирил Марченко за конечен триумф на Колумбус.
Овој меч практично не промени ништо на табелата со тоа што и двете екипи ги заземаат последните позиции во своите конференции.