
Втората етапа од Тур д Ски, од Светскиот куп во крос-кантри, беше составена од индивидуалните потери во Вал Мустер, Швајцарија.
Кај дамите, неизвесноста го достигна својот врв, откако првите три скијачки беа разделени помалку од една секунда.
Имено, првото место го доби Тирил Уднес Венг (28:51,3), а позади неа се пласираа Керту Нисканен (+0,4) и Фрида Карлсон (+0,6).
Во првите пет, пласман изборија уште Ане Шерсти Калваа (+1,9) и Лота Уднес Венг (+21,8).
Што се однесува до мажите, по вторпат во два дена славеше Јоханес Клебо (25:55,0), а позади него, во фотофиниш, Паал Голберг (+10,2) го победи Федерико Пелегрино (+10,2).
Во продолжение следуваа уште тројца Норвежани, односно Симен Хегштад Кругер (+28,0), Синдре Бјорнштад Скар (+29,6) и Мартин Левстром Нингет (+33,4).