
Втората трка во Палисадес Тахоу (САД) од Светскиот куп во алпско скијање беше слаломот, кој приреди неверојатни сцени.
Имено, само за момент, до првиот триумф во кариерата дојде Гркот Еј Џеј Гинис, кој подоцна беше дисквалификуван поради промашена капија.
Само една стотинка позади него заврши Александер Стеен Олсен (1:47,47), кој накрај дојде до дебитантската победа со напредок од единаесет места во однос на првата серија.
Неговиот сонародник, Тимон Хауган (+0,05), се искачи на второто место, а третата позиција ја поделија Клеман Ноел и Алберт Попов (+0,24).
Бугаринот, иако беше дури дваесет и петти после првиот дел, направи огромен напредок и се искачи на пиедесталот за првпат во кариерата.
Во продолжение, заостаток до половина секунда имаа уште: Хенрик Кристоферсен (+0,34), Рамон Ценхојзерн (+0,45) и Лукас Бротен (+0,49).