
Во увертирата на дваесеттото коло од англискиот Чемпионшип, Престон Норт Енд го совлада Рединг со 1-2.
За претставниците на Ленкашир, ова беше четврта победа на последните пет средби и прва против Рединг после 2020.
На мечот, херој за гостинскиот состав беше Чед Еванс (51′, 79′), кој ги заби и двата погодоци, иако немаше реализирано ниеднаш во последната година.
Од друга страна, за популарните ,,Ројалс” стрелаше само резервистот од клупата, Лукас Жоао (п. 71′), од белата точка.
Со натпревар повеќе, Престон влезе во плејоф-зоната на петтото место, оставајќи го Рединг на единаесеттата позиција.