Колорадо Аваланш и Аризона Којотес синоќа ги одмерија силите во натпревар со дванаесет погодоци.
Имено, Колорадо дојде до конечниот триумф со убедлив резултат од 9-3.
После неполни осум минути игра, домаќините веќе водеа со 5-1, а до крајот на првата третина, Аризона намали на 5-2.
Во вториот дел, двете екипи стрелаа по еднаш, додека во завршниот период, Аваланш заби уште три гола.
Стрелци за Којотес беа дебитантот Мајкл Бантинг, Оливер Екман-Ларсон и Конор Гарленд.
Од друга страна, голгетери за ,,Лавината” беа пет различни хокеари.
Од нив, хет-трик запиша Јоонас Донској, по двапати погодија Габриел Ландеског и Андре Бураковски, а по еднаш во листата на стрелците се запишаа Пјер-Едуард Белмар и Мико Рантанен.
На табелата на Западот, Колорадо го презеде првото место, додека Аризона ја држи петтата позиција.
📸 Michael Martin/NHLI via Getty Images