Капитенот Горан Пандев и другарите одиграа уште еден блескав меч за репрезентацијата на Македонија. Пандев и на 37 години игра сеуште фантастично и ги тресе противничките мрежи, знае да го направи вистинското додавање кога е потребно, а кога топката е кај него нема шанси некој да му ја одземе без фаул.

Токму со голот на Пандев го најавивме изненадувањето против четирикратниот светски првак Германија и поведовме со 0-1 во судиското надополнување, а со голот на Елмас ги докрајчивме, и им го нанесовме првиот пораз после 20 години во квалификации за Светско првенство.
ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ, цели 20 години германската фудбалска репрезентација во квалификации за Светско првенство немаше пораз, додека синоќа во Дуизбург не паднаа пред Пандев, Елмас, Адеми, Барди, Велковски, Трајковски, Алиоски….