
Колорадо Аваланш го зададоа почетниот удар во големото финале на НХЛ и поведоа со вкупни 1-0.
Имено, во првиот натпревар, претставниците на Денвер ги поразија актуелните шампиони, Тампа Беј Лајтнинг, со 4-3 после продолжение.
Во регуларниот дел, домаќините водеа со 2-0 и со 3-2, но гостите успеаја да изборат продолженија, кои траеја неполна минута и пол.
За Колорадо стрелаа четири различни хокеари, односно Габриел Ландеског, Валери Ничушкин, Артури Лехконен и Андре Бураковски.
На спротивната страна, во листата на стрелците се запишаа Ник Пол, Ондреј Палат и Михаил Сергачјов.