понеделник, јуни 27, 2022
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Кошарка

Тони Симиќ: Направивме обемен план на подготовки

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
јуни 15, 2022
📁 Кошарка

Вчера под водство на селекторот Тони Симиќ беше означен старт на подготовките на нашата селекција „Под 18“ години доби шанса ова лето да се натпреварува со најдобрите во Европа.

„Имавме некои други планови, но со оглед на тоа дека ФИБА донесе одлука која ја промовира нашата селекција во учесник на Европското првенство во ‘ А’ Дивизијата, извесно е дека мораше да направиме и извесни промени во првичните скици за работа во овој летен период. Едноставно, ФИБА ни постави нови граници кои мора да ги стигнеме во деновите кои следуваат“– вели Симиќ.

Уводниот дел од подготвителниот период ќе биде во Скопје?

„Првите неколку дена од подготовките ќе ги реализираме овде во Скопје, во салата на СРЦ ‘Кале’. Прво на ред ќе биде медицинското тестирање на сите повикани кандидати за националниот тим. А веќе од 22. јуни ќе се преселиме во Маврово, каде следуваат оние т.н. ‘висински подготовки’. А престојот на планина, ќе го искористиме да направиме и една ‘контрола’, еден спаринг-меч против селекцијата ‘Под 20’ години која во тоа време ќе биде таму“– потенцира селекторот околу планот кој треба да биде реализиран за време на подготовките.

Планирани се и голем број на пријателски натпревари?

„Токму така, мислам дека заедно со соработниците Нермин Пепиќ и Никола Велев и Анатолиј Романов, и сесрдна поддршка од федерацијата, направивме еден обемен план на подготовки кој опфаќа и одигрување на голем број на контролни средби. Ќе ги реализираме после враќањето од Маврово. Веќе на почетокот на јули имаме двомеч во Бугарија. Во Скопје ќе играме против соодветната селекција на Швајцарија, по што одиме во Негорски Бањи. Во Гевгелија нè чека еден доста силен турнир, на кој за противници имаме селекции кои се дел од ‘А’ Дивизијата, како Грција, Црна Гора, а гостин ќе ни биде и Бугарија. И нема да имаме време за одмор затоа што веќе на 18. јули патуваме за Хрватска, поточно во Дарувар, каде се предвидени две контролни средби против селекцијата на Хрватска. Оној завршен дел од подготовките пред заминувањето за Измир и настапот на ЕП од Дивизијата ‘А’, ќе го одработиме во базата во СРЦ ‘Кале’. Сметам дека со одигрувањето на овие осум-девет натпревари ќе бидеме во посакуваната форма за настап на шампионатот во Турција“ – дополнува предводникот на оваа наша селекција, која извесно е, ја чека тешка задача.

Во натпреварувањето со Франција, Израел и Велика Британија, противниците во групата „А“, да обезбеди место кое Македонија ќе ја направи учесник во „А“ Дивизијата и во наредната година.

ShareTweet
Претходна вест

Боризовска го продолжи договорот со ПАОК

Следна вест

(ВИДЕО) Колорадо го зададе почетниот удар во големото финале

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Фенербахче доведе нов искусен и трофеен тренер
Кошарка

Фенербахче доведе нов искусен и трофеен тренер

✏️ Епов Насе
19/Јун/2022
Македонскиот тренер Емил Рајковиќ ќе го води гигантот ЦСКА Москва
Кошарка

Македонскиот тренер Емил Рајковиќ ќе го води гигантот ЦСКА Москва

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
17/Јун/2022
(ВИДЕО) Голден Стејт станаа шампиони: Стеф Кари прогласен за МВП на финалето
Кошарка

(ВИДЕО) Голден Стејт станаа шампиони: Стеф Кари прогласен за МВП на финалето

✏️ Епов Насе
17/Јун/2022
(ВИДЕО) Голден Стејт дојде на само победа од титулата
Кошарка

(ВИДЕО) Голден Стејт дојде на само победа од титулата

✏️ Епов Насе
14/Јун/2022
Следна вест
(ВИДЕО) Колорадо го зададе почетниот удар во големото финале

(ВИДЕО) Колорадо го зададе почетниот удар во големото финале

Последно

(ВИДЕО) Прва титула за Колорадо после 2001: Детронизирани шампионите од претходните две сезони

(ВИДЕО) Мајами ги ,,покори” лидерите на Националната лига

Кој е најдобриот град за живот во светот ?

Езерото Мир среде море! Хрватското чудо на природата кое треба да се погледне (ФОТО)

Гевгеличани доминираа во Кукуш! Новинарот на ,,Јави се јужна” Епов победи на пократката, Анчев на подолгата дистанца

Стружаните од “3ДИСЦИПЛИНИ” имаа вистинска жетва на медали викендов

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.