
После петте врзани победи, Сан Франциско Џајантс го запишаа првиот пораз, откако синоќа беа надиграни од Канзас Сити Ројалс со 2-3.
Ројалс ја прекинаа својата негативна низа од четири загубени средби, постигнувајќи два поени во првиот и еден во осмиот ининг.
Од друга страна, домаќините ја променија нулата на семафорот во четвртиот период, кога израмнија на 2-2.
За победничкиот состав, по четири бази освоија Вит Мерифилд, Боби Вит Џуниор и Ендру Бенинтенди, а за ,,Гигантите” поентираа Брендон Белт (хоум-ран) и Таиро Естрада (трчање).
Во Американската лига, Канзас Сити (21-41) ја држи претпоследната позиција, додека Сан Франциско (35-27) е шести во Националната конференција.