петок, јуни 2, 2023
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Кошарка

МЗТ со ГОЛЕМА победа над Цибона во АБА лигата

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
април 14, 2023
📁 Кошарка

Со неверојатната игра во третата четвртина, која ја добивме со фантастични 30-5, нашите кошаркари дојдоа до посакуваната победа над Цибона (87-74) во последниот меч од регуларната сезона во АБА, која им носи надеж за избегнување директно испаѓање од јадранската елита.

Аеродромци по едно лошо прво полувреме, особено во одбраната, по кое противникот на одмор заминаа со негатива 12 (53-41), во продолжението заиграа како животот да им зависи од тоа. Ваквиот пристап вроди со плод, па со низа 22-2 не само што ја анулираа негативата, туку и дојдоа до солидна предност, која до крајот на третиот период беше изразена и со двоцифрена разлика. Таа во последната четвртина достигна и до плус 17 (75-58) како најава на еуфоријата во салата „Јане Сандански“

СТАТИСТИКА МЗТ – ЦИБОНА

Мајк Кефи со 19 поени, шест скока и седум асистенции беше лидер на „металците“, а веднаш зад него беше Александар Бурсаќ, кој средбата ја заврши со 17 поени и четири скока. Двоцифрен поентерски ефект имаа уште и Кеандре Кук со 15 и Војдан Стојановски со 14 поени.

МЗТ Скопје сега има скор 7-19, односно една победа повеќе од директниот конкурент Борац Чачак, кој утре ќе му гостува на Будуќност. Српскиот тим има подобар меѓусебен скор со македонскиот првак, што значи дека мора да загуби во Подгорица за четата од Аеродром да ја задржи посакуваната 13. позиција на табелата, која носи бараж со второпласираниот тим од АБА2.

ShareTweet
Претходна вест

(ВИДЕО) Фриментл го совлада Голд Коуст со серија во завршницата

Следна вест

(ВИДЕО) Колорадо го победи Нешвил во последниот регуларен натпревар

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

МЗТ повторно го надигра Пелистер и е на чекор до нова титула
Кошарка

МЗТ повторно го надигра Пелистер и е на чекор до нова титула

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
01/Јун/2023
(Видео) Јокиќ е СУПЕРМЕН ! Го “растури” Лејкерс за финале
Кошарка

(Видео) Јокиќ е СУПЕРМЕН ! Го “растури” Лејкерс за финале

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
23/Мај/2023
Струга се пласира меѓу најдобрите четири во М12
Кошарка

Струга се пласира меѓу најдобрите четири во М12

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
22/Мај/2023
Ненад Димитријевиќ со неверојатни 34 поени донесе титула
Кошарка

Ненад Димитријевиќ со неверојатни 34 поени донесе титула

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
16/Мај/2023
Следна вест
(ВИДЕО) Колорадо го победи Нешвил во последниот регуларен натпревар

(ВИДЕО) Колорадо го победи Нешвил во последниот регуларен натпревар

Последно

Гакидова и Јанеска одлични во минималниот пораз во првото финале

Охрид се засили со талентираниот голман Бркиќ

ТРАНСФЕР БОМБА: Гурбиндо го засилува Алкалоид

Селекторот Милевски одбра за натпреварите со Украина и Англија

МЗТ повторно го надигра Пелистер и е на чекор до нова титула

Одличниот Чаневски на чекор до титулата во Израел

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.