
Колорадо Аваланш ги оддалечија Ст. Луис Блус од позициите што водат во плејофот, откако синоќа ги совладаа со 1-4.
Гостите ја имаа контролата во свои раце во текот на целиот натпревар, а триумфираа со головите на Мико Рантанен, на Боувен Бајрам и на Валери Ничушкин.
На спротивната страна, единствен што го надмудри голманот, дебитант во тековната сезона, Јустус Анунен (95% одбрани), беше Самуел Блес во втората третина за намалување на провизорни 1-2.
Во Западната конференција, Колорадо го зазема седмото место, додека Ст. Луис остана на единаесеттата позиција.