
Дино Маамрија прави чуда со екипата на Бартон Албион, откако запиша четири победи на последните пет средби.
Имено, во триесет и третото коло од англиската Лиг 1, ,,Пиварите” ја продолжија негативна низа на Бристол Роверс, надигрувајќи ги со 1-2.
За Роверс, ова беше шести пораз на последните седум натпревари, на кои освоија само еден единствен бод.
На табелата, Бартон скокна на осумнаесеттото место, додека клубот од Бристол падна на петнаесеттата позиција.
Роверс одлично го започнаа меѓусебниот дуел со голот за 1-0 на Џон Маркис уште во деветтата минута.
Сепак, до крајот, ,,Жолтите” го комплетираа својот пресврт, благодарение на Чарли Кирк (44′) и на Сем Винал (55′).