
Екипата на Илвес ја отвори полуфиналната серија од финската Лиига со триумф од 2-3 над Пеликанс после продолжение.
На натпреварот, гостите од Тампере поведуваа во три наврати, додека домаќините успеаја двапати да го израмнат резултатот.
За ,,Пеликаните”, во втората третина реализираше Саке Хамалаинен, а во последната минута од регуларниот дел стрелаше Топијас Вилен.
На спротивната страна, во листата на стрелците се запишаа Доминик Машин, Јоона Иконен и Лео Лооф.