
Поранешниот премиерлигаш Бредфорд, на чело со тренерот Марк Хјуз, влезе во новата Лиг 2 сезона како еден од најголемите фаворити за промоција.
Сепак, после четири кола, момците од ,,Вали Парејд” имаат само четири поени и го заземаат четиринаесеттото место.
Имено, во четвртото коло, Бредфорд загуби од Колчестер со минимални 1-0.
Во изедначен натпревар, стрелец на единствениот погодок беше стоперот на домаќините, Том Истмен (90+7′), кој на најдобар можен начин го круниса јубилејниот 450. настап за овој клуб.
За Колчестер, кој важеше за аутсајдер, ова беше прва овосезонска победа, доволна за скок на петнаесеттата позиција.




