Во третото коло од Националната лига, силите ги одмерија најголемите фаворити за титулата – Честерфилд и Рексам.
Нивниот меч заврши со резултат од 2-0 во корист на Честерфилд, кој дојде до третата меѓусебна победа на домашен терен во низа.
На натпреварот, двата погодоци паднаа во раната фаза, кога мрежата на Марк Хауард ја затресоа Џеф Кинг (10′) и Оли Бенкс (23′).
За двата фудбалери, денешните голови беа први во новата сезона, а притоа Бенкс стрелаше за првпат во дресот на клубот од Дербишир.
На табелата, Честерфилд скокна на второто, а Рексам падна на петнаесеттото место.