ЛА Клиперс не им дозволија на Далас Маверикс да поведат со 3-0 во меѓусебната осмина-финална серија на НБА.
Имено, синоќа претставниците на Лос Анџелес дојдоа до првата овосезонска победа во плејофот, славејќи со 108-118.
Далас фуриозно го започна мечот, водејќи со 30-11 во првата четвртина, но оттогаш, Клиперс ја презедоа контролата во свои раце.
Единствен ,,бомбастичен” кошаркар од редовите на Далас беше Лука Дончиќ, кој забележа 44 поени, 9 скокови и 9 асистенции.
На спротивната страна, најефикасни беа Каваи Ленард и Пол Џорџ со 36, односно со 29 кошеви.