Екипата на ЛА Клиперс, по петти пат во низа успеа да слави над Њујорк Никс и тоа со резултат од 115-129.
Во текот на првото полувреме, Никс беа оние што имаа резултатска позитива, а во вториот дел, Клиперс ја покажаа својата сила и набргу стекнаа двоцифрена предност.
Најефикасен кошаркар на паркетот беше Кавај Ленард (ЛА Клиперс) со постигнати 28 поени.
Од друга страна, од поразениот состав, најдобар беше Џулиус Рендл, кој воедно остана и единствен играч на теренот со дабл-дабл учинок од 27 поени и од 12 скокови.
Со четвртиот пораз на последните пет средби, Никс (9-12) паднаа на деветтото место на Истокот, додека Клиперс (16-5) се втори на Западот, веднаш зад Јута Џез (15-4).
📸 Nathaniel S. Butler/NBAE via Getty Images



