Вкупно 69. издание на Фармерс Иншуренс Опен, односно 12. со актуелното име, беше одржано во текот на изминатиот викенд во Сан Диего, Калифорнија.
Овој голф турнир спаѓа во престижниот ПГА Тур и е вкупно четврти во 2021 година.
На него, Патрик Рид дојде до деветтата победа во кариерата на ПГА Тур со учинок од (-14) поени. Американецот имаше цели пет удари предност во однос на најблиските ривали што претставува негов личен рекорд за најголема победничка разлика на еден турнир.
Со по (-9) освоени поени после четирите дена, второто место го поделија дури пет голфери: Тони Финау, Виктор Ховланд, Хенрик Норландер, Рајан Палмер и Ксандер Шофеле.
Џон Рам, кој ја подели седмата позиција (-8) со Вил Залаторис и со Ленто Грифин, имаше одлична шанса да го освои второто место потиснувајќи ги горенаведените голфери на третото, но наместо поволен ,,игл”, погоди ,,пар” на последната дупка.
📸 Jared C. Tilton/Getty Images



