
По четврт пат на последните пет меѓусебни пресметки, ВБА и Нотингем ги поделија бодовите.
Имено, во увертирата на дваесеттото коло од англискиот Чемпионшип, двете екипи ремизираа на ,,Хоторнс” со 0-0.
Првото полувреме помина со тотална доминација на ВБА, кој мораше да се повлече во вториот дел.
Причина за овој потег беше вториот жолт картон во интервал од десет минути на Џејсон Моламби (70′), кој беше исклучен за првпат во својата сениорска кариера.
Двете екипи имаат по три ремија на последните четири лигашки средби, доволно за ВБА да се наоѓа на третото, а Нотингем на тринаесеттото место на табелата.