
Екипата на Клер избори пласман во полуфиналето на Ол-Ајрленд Сениор Харлинг Чемпионшип, совладувајќи го Вексфорд со (1-24) 27-23 (3-14).
Во текот на цел натпревар владееше резултатската неизвесност, а на полувремето, резултатот гласеше (0-10) 10-10 (1-07).
Во вториот дел, со два брзи гола, се чинеше дека Вексфорд ќе успее да го порази номиналниит домаќин, но момците на Брајан Лоан не се предадоа.
Кај Вексфорд, најефикасните поединци на теренот воедно беа и стрелците на головите – Ли Чин (1-08), Џек О’Конор (1-00) и Марк Фенинг (1-00).
Од друга страна, најрасположени во нападот на Клер беа Питер Даган (0-05), Арон Шанагер (1-02) и Тони Кели (0-04).
Во полуфиналето, Клер ќе ги одмери силите со Килкени, а во потенцијалното финале ќе се соочи со победникот од дуелот помеѓу Лимерик и Голвеј.




