На десеттата овосезонска трка од Мото 2 календарот, Аугусто Фернандез ја запиша четвртата победа во кариерата.
Шпанецот беше во водство уште од самиот старт и накрај дојде до убедлив триумф од цели девет секунди во однос на најблиските ривали.
Сè до самата завршница беше присутна борбата за останатите две места на подиумот, кои им припаднаа на Педро Акоста и на Сем Лоус.
Во продолжение, во првите десетмина се најдоа уште: Марсел Шротер, Фермин Алдегер, Алберт Аренас, Алонсо Лопез, Аи Огура, Арон Канет и Тони Арболино.
Важен детал од трката е дека на седум кругови пред крајот, од патеката излета лидерот во генералниот поредок – Челестино Виети.