Изан Гевара дојде до четвртата победа во Мото 3 категоријата, откако славеше на десеттата овосезонска трка.
Имено, на германскиот Захсенринг, Шпанецот извоза соло-трка од самиот старт и го намали заостатокот во генералниот пласман во однос на лидерот Серхио Гарсија на само седум поени.
Гарсија исто така заврши на победничкиот пиедестал како третопласиран, а шпанското дуо го раздели третиот во вкупниот поредок – Денис Фоџа.
Во продолжение следуваа двајцата Јапонци, Ајуму Сасаки и Татсуки Сузуки, а во топ 10 завршија уште: Даниел Холгадо, Денис Онџу, Адријан Фернандез, Давид Муњоз и Иван Ортола.