Четвртиот натпреварувачки ден од Тур д Ски во крос-кантри во Оберстдорф (Германија), се состоеше од потерите на дваесет километри.
Јоханес Клебо (41:35,8), во машка конкуренција, дојде до четвртата етапна победа, одбранувајќи ја предноста од вчерашната индивидуална трка.
Неговиот сонародник, Синдре Бјорнштад Скар (+1,8), се искачи на втората позиција, а неочекувано, спринтерот Федерико Пелегрино (+2,1), заврши трет и ја докажа дека својата врвна форма и на поголемите дистанци.
Дури шеснаесет други скијачи доцнеа под десет секунди, а во првите петмина завршија уште Кале Халфварсон (+2,9) и Сјур Роте (+3,4).
Од друга страна, кај жените, првите две места беа исти како и на вчерашната трка, односно ги зазедоа Фрида Карлсон (48:02,6) и Криста Пармакоски (+14,1).
Сите останати натпреварувачки доцнеа повеќе од една минута, со тоа што, во битката за подиумот, Тирил Уднес Венг (+1:28,0) ја натскија Ане Шерсти Калваа (+1:29,3).
Пласманот во топ 5 го комплетираше Патриција Еидука (+1:46,1), а по неа следуваа Тереза Штадлобер (+1:46,2) и Ева Уревц (+1:47,1).