
Во првиот меѓусебен дуел во 2023, СКА Ст. Петербург го декласираше Трактор Чељабинск со 3-9.
Гостите постигнаа по три гола во секоја третина, а во листата на стрелците се запишаа седум различни хокеари: Марат Хаирулин, Марат Хуснутдинов, Никита Гусев, Дмитриј Јашкин (х3), Дамир Жафјаров, Михаил Пашин и Михаил Воробјов.
Од друга страна, во корист на ,,Мечките” реализираа Владимир Ткачјов, Никита Тертишни и Сергеј Калинин.
Во Западната конференција, СКА остана на лидерската позиција, додека Трактор е деветти на Истокот.