
Третата станица од Новогодишната турнеја во ски скокови беше австрискиот Инсбрук.
Во него, до триумф дојде Давид Кубацки, кој го зголеми водството во генералниот пласман и ја прекина низата од две победи на Халвор Егнер Гранеруд.
Токму Гранеруд го освои второто место, благодарение на скокот од 133 метри во втората серија, кој му донесе прогрес од четири скалила.
Најниското место на подиумот му припадна на Анже Ланишек, а зад него се пласираше најдобриот домашен претставник – Штефан Крафт.
Во првите петмина заврши уште Камил Штох, а во топ 10 се најдоа: Мариус Линдвик, Михаел Хајбок, Даниел Чофених, Јан Херл и Пјотр Жила.