Втората локација од Тур д ски во крос-кантри е германскиот Оберстдорф, каде што денес се одржаа трките на дистанца.
На етапата од петнаесет километри во машка конкуренција, до победа дојде Јоханес Клебо (32:26,4), кој воедно ќе влезе во 2022 со жолтата маичка на своето тело.
На второто место заврши актуелниот шампион, Александер Болшунов (+3,4), а вториот Норвежанец на пиедесталот беше Сјур Роте (+4,0).
Како четвртопласиран заврши Британецот Ендру Масгрејв (+5,6), а во топ 5 се пласира уште Франческо Де Фабијани (+23,6).
Во женска конкуренција, на патеката од десет километри, најбрза беше шампионката Џеси Дигинс (21:30,8), која ги совлада ривалките во фотофиниш.
Во неполна секунда позади неа се најдоа Фрида Карлсон (+0,5) и Татјана Сорина (+0,8), а за четири десетинки, без подиум остана Еба Андерсон (+1,2).