Каролина Хурикејнс ја освоија седмата победа на последните осум средби, совладувајќи ги Монтреал Канадиенс со 4-0.
За гостите од Канада, ова беше седми пораз во низа во ,,ПиЕнСи Арена”, продолжувајќи ја низата што датира од 19 ноември 2016.
Синоќа, домаќините пружија подобра игра со која постигнаа два гола во првата и по еден гол во наредните две третини.
Двоен стрелец беше Финецот Теуво Тераваинен, а по еднаш во листата на стрелците се запишаа Нино Нидерајтер и Сет Џарвис.
На голот на победничкиот состав стоеше Анти Раанта, кој го запиша првиот шут-аут во дресот на Хурикејнс, откако ги одбрани сите 26 противнички удари.
Во Источната конференција, Каролина го држи второто место, додека Монтреал падна на самото дно.