Во пресрет на второто натпреварување од јубилејната седумдесетта Новогодишна турнеја во ски скокови, беа одржани квалификациите во Гармиш-Партенкирхен.
Со победа на домашен терен се закити Маркус Ајзенбихлер, кој прескокна 137 метри.
Победникот од Оберстдорф, Рјоју Кобајаши, го освои второто место, а третопласиран беше Карл Гајгер.
Натпреварувачите со најдолги скокови од 138 и од 138,5 метри, односно Јан Херл и Пјотр Жила, го комплетираа пласманот во топ 5.
Во најдобрите десетмина се најдоа уште: Јукија Сато, Даниел Чофених, Мануел Фетнер, Штефан Лаје и Килијан Пајер.
Најголемото разочарување на денот го приреди Штефан Крафт, кој не избори пласман во првата серија и практично се исфрли од борбата за ,,Златниот орел”.