Денес, на аеродромот во Твенте, Холандија, беше одржан т.н. ,,НН Мишн Маратон”, кој требаше да се одвива во Хамбург на 11 април.
Истиот важеше како квалификација за претстојните Олимписки Игри во Токио, предвидени за месец јули.
На трката, очекувано до победата дојде Елиуд Кипчоге, кој истрча 42 километри за време од 2 часа, 4 минути и 30 секунди, односно 02:59 мин/км.
За него, ова беше одличен начин за враќање во колосек по разочарувачкото осмо место на маратонот во Лондон пред шест месеци.
Зад Кипчоге, на второто место се пласираше неговиот сонародник, Џонатан Корир, кој доцнеше 2 минути и 10 секунди.
Подиумот го комплетираше претставникот на Еритреја, Гоитом Кифле, кој истрча свој најдобар резултат на оваа дистанца (2:08:07).
Пејс-мејкерот на Кипчоге, Филемон Качеран (2:08:47) ја освои четвртата позиција, а пласман во топ 5 избори најдобриот Угандец – Стивен Кипротич (2:09:04).
Од европските тркачи, најбрз беше Полјакот Марчин Хабовски (2:10:17) на десеттата позиција.
Кај дамите, Германката Катарина Штајнрик (2:25:59) славеше пред Сара Мореира (2:26:42) и пред Рабеа Шенеборн (2:27:03).
📸 football24.news



