Синоќа, Тампа Беј Рејс ги совладаа Њујорк Јенкис со 3-6 и дојдоа до вториот триумф во низа над истиот ривал.
На мечот, поразениот состав ги постигна своите поени во вториот и во седмиот ининг, додека Рејс, освен во наведените два, дополнително поентираа во четвртиот и во деветтиот период.
За Јенкис, единствениот хоум-ран го постигна Ругнед Одор, а по четири бази освоија Гери Санчез и Ди Џеј ЛеМехју.
Што се однесува до играчите на Тампа Беј, хоум-ран забележаа Франциско Мехија, Мануел Марго и Џои Вендл, а со трчање, во листата на поентерите се запишаа гореспоменатиот Марго, Остин Медоус и Мајк Брусо.
На табелата на Американската лига, веднаш по натпреварот, Тампа Беј (7-8) се наоѓаа на осмото место, додека Јенкис (5-9) останаа на самото дно.
📸 Mike Stobe/Getty Images