Третата трка од новата Мото 3 сезона се одржа денес во португалскиот Алгарве.
На неа, во пеколен финиш, 16-годишниот Педро Акоста успеа да дојде до втората победа во низа на третата трка во својата кариера.
Шпанецот, во самата завршница, го претекна второпласираниот Денис Фоџа, кој доцнеше само пет стотинки.
На подиумот се најде уште Андреа Мињо, а во првите пет се пласираа Ајуму Сасаки и Габриел Родриго.
Целата трка помина во знакот на водечката група, каде што се случија безброј дуели и претекнувања.
Од целата ситуација можеше да се претпостави дека ќе има инциденти што се покажа како точно.
Поради паѓања и излетувања од патеката, без поени останаа неколку конкурентни возачи како Татсуки Сузуки, Каито Тоба, Чавиер Артигас, Адријан Фернандез и Хауме Масија.
Жарот во борбата за подиум не беше целосен без Дерин Биндер и без Џон МекФи, кои поради казна, стартуваа од пит-лејнот и не освоија ниеден бод.
📸 PATRICIA DE MELO MOREIRA/AFP via Getty Images



