
Екипата на Килкени ја потврди својата доминација низ регионот во кој се наоѓа со тоа што ја освои титулата на Леинстер и оваа сезона.
Имено, во финалето, ,,Мачките” ги поразија претставниците на главниот град, Даблин, со резултат од (1-25) 28-19 (0-19).
Даблин го започна мечот без двајца важни играчи, Сијан О’Калахан и Ронан Хејс, но сепак добро се држеше во првото полувреме, после кое губеше со 12-9.
Сепак, Килкени ја имаше предноста од стартот, па сè до крајот на натпреварот, а притоа остана и со играч повеќе во 61. минута.
Најефикасен играч, а воедно и единствен стрелец на мечот беше Ти Џеј Рид од Килкени со учинок од 1-10.
На спротивната страна, Донал Бурк (0-10) беше одговорен за повеќе од половина поени на Даблин.
И покрај поразот, ,,Сините” се пласираа во четврт-финалето на главната фаза од Ол-Ајрленд Сениор Харлинг Чемпионшип, додека Килкени отиде директно во полуфиналето.