
После првото провинциско полуфинале го дознавме и првиот финалист на Алстер за сезоната 2021.
Станува збор за Монахан, кој ќе се бори за провинциска титула, а воедно и за пласман во полуфиналето на Ол-Ајрленд Сениор Фудбал Чемпионшип.
,,Сино-белите” во полуфиналната фаза го поразија Армах со резултат од (4-17) 29-27 (2-21), пред сè желни да му оддадат почит на Брендан Ог Дафи – капитенот на нивниот У20 состав, кој загина во сообраќајка претходната вечер.
Победниците одиграа неверојатен меч, особено во првото полувреме, кога постигнаа четири погодоци.
Сепак, во финишот, откако губеа со два разлика на шест минути пред крајот, успеаја да се извлечат и победнички да се пласираат во финалето.
Најдобар стрелец на Монахан беше Конор МекМанус (1-6), а по еден гол забележаа уште Џек МекКерон (1-1), Мајкл Бениган (1-1) и Дерен Хјус (1-0).
За Армах, најефикасен беше Рајан О’Нил (0-6), а по еден гол постигнаа Конор Тарбит (1-1) и Тирнан Кели (1-0).
Во финалето на Алстер, Монахан ќе го чека подобриот од дуелот помеѓу Донегал и Тироун.