
Првиот синоќешен дуел од МЛБ беше воедно и првиот од двата последователни мечеви помеѓу Детроит Тигерс и Минесота Твинс.
На него, домаќините од Мичиген славеа со 1-0 над Минесота и дојдоа до првата меѓусебна победа по четирите врзани порази.
Единствениот поен на мечот беше дело на Роби Гросман, кој постигна хоум-ран уште во првиот ининг.
На табелата на Американската лига, Детроит (41-51) се наоѓа на единаесеттото место, односно за една позиција пред Твинс (39-51).