
На денешната програма од Светскиот куп во алпско скијање во машка конкуренција беше најдолгиот спуст во календарот, одржан во Венген, Швајцарија.
На него, по вторпат во два дена, на првата позиција се искачи Александер Омодт Килде, кој постави време од 1:43,14 минути.
Зад него заврши миленикот на домашната публика и лидерот во генералниот поредок, Марко Одермат (+0,88), додека третопласиран беше Италијанецот Матија Касе (+1,01).
По вторпат во два дена, четвртото место го зазеде Винсент Крихмајер (+1,15), а пласманот во топ 5 го заокружи Беат Фојц (+1,25).