Навивачката група Паткари реагира поради лошите резултати на нивниот клуб РК Струга. Нивното соопштение ви го пренесуваме во целост:
04.03.2023
РК СТРУГА – Рк Голден АртРк.
Струга одсекогаш била душата на градот, клуб кој спојувал многу генерации, многу различни категории на луѓе, но сите со една цел, подигање на културниот и спортскиот живот во Струга.
На денешната утакмица го изразивме нашиот револт против моменталната ситуација во клубот, клубот е доведен во неизвесност а опстанокот е сведен на знак прашалник…
Пред се сакаме да се оградиме од сите политички ваши препукувања, тоа воопшто не не интересира, не интересира цврст и стабилен клуб, кој од секогаш бил водилка на културниот и спортски живот во градот.
Немаме ништо против никого лично,најмалку имаме нешто против нашите играчи, нив секогаш ке ги бодриме, но одговорност мора да има.Чашата е веке прелеана, а клубот не е ничива сопственост, клубот е на градот и на Стружани и затоа одговорност мора да бараме.
Спортски поздрав, се гледаме наредната утакмица во што поголем број, а вие одлучите како сакате.
Да Ве поддржиме или да биде како денес.ЗА ИНЕТ ОД СИТЕ !ПАТКАРИ СТРУГА !
