Амур Хабаровск ја запиша својата прва поведа, а воедно и своите први поени во новата КХЛ сезона.
Тимот од Истокот успеа да се оттргне од дното на Источната конференција со денешната победа над Динамо Рига од 2-1.
Сите три гола од оваа средба паднаа во различен период. Хокеарите на Амур, Сергеј Терешченко и Валентин Пјанов, го совладаа противничкиот голман, Игор Проскурјаков, во првата и во втората третина.
За Динамо Рига, во завршните пет минути од мечот, прецизен беше Морган Елис со својот првенец во дресот на латвискиот клуб.